This website uses cookies to ensure you get the best experience on our website. Learn more

10 Best place to visit in Bosilovo Macedonia

x

Vodici 2017 - s.Selce - Prilep - Macedonia

Фрлање на светиот крст во водите на Селечка Река - с.Селце - Прилеп - Македонија

Селце е мало населено место во близина на Прилеп.
Наносното земјиште западно од Селце е ниви под тутун, жито и лозја. Стрмната планинска падина источно од селото служи како испаша.
Вода за пиење се добива од две чешми. Селце е село од збиен тип. Еден дол го дели селото на Горно и Долно маало. Маалата се состојат од група сроднички куќи.
Во селото има вкупно 54 домаќинства (1954г.).
Имињата на потезите западно од селото се: Кула (постоела кула за чување на грозјето), Гарчев дол , Крива река, Дујгас и Селчишта.
Називите на потезите над селото се: Попова нива, Скала, Црвени стени, Крстови, Селиште, Дунова нива, Бела чешма, Мал и Голем здравец, Калусовац, Жолт вир, Ветривица, Бачилиште
Преслоп, Мечка, Заполшко, Чалма.

На потезот на Мечка југоисточно од Селце 1948г. селанецот Киро Ацески, нашол мал земјен сад. Во него имало 17 сребрени српски динари од 14 век.
Околу 800 метри источно од населбата покрај денешниот манастир Св. Димитрија, се наоѓа потезот Селиште.
Таму према традицијата „живееле прадедовците на денешните старински родови. Тоа село имало се на се седум куќи.
Земјата на која лежи денешно Селце, во тоа доба припаѓала на некој турски бег. На почетокот на 19 век земјата од бегот ја купиле селаните од Селиште. Одма после тоа ја преместиле населбата на денешната локација.
Манастирот Св. Димитриј е изграден околу 1918г. До тогаш тука се наоѓале рушевини од стариот храм. Во 1927г. на овој манастир селаните му подариле нешто земја. Во Долно маало има црква на Пресвета Богородица изградена од пред околу 100 години. Околу нејзе има гробишта. Целото население слави црковна слава . Бројот на домаќинства во населбата изнесувал
1921г. - 62, 1948г. - 54, 1961г. - 66, и 1971г. - 74.

Македонското население во Селце се дели на стари и на доселени родови. Старинци се: Кочовци (10к.), Кецуљовци (6к.), Есенковци (5к.), Првите три рода ја слават Св. Матрона затоа што потекнуваат од ист предок. Последниот род слави Св. Никола.
Доселени родови се: Зајковци (6 к. Св. Никола) доселени се од Мариово. Во овој род порано постоела задруга од 40 членови. Пашовци (1к. - Пречиста), сега се викаат Лолевци, однекаде се доселени.
Митревци (10к.- Митровден) доселени се од Дупјачани.Таму му се рода Белковци, доселени од Будаково. Опеловци (2к.- Св.Никола) дошле од Беловодица во Раец. Велковци (1к.-Митровден) дошле од Чумово. Мариовци (3к. -Св. Никола), дошле од Кокре од Мариово. Димитрија (1к.) дошол од Кајларско во Егејска Македонија.

Андреевци (1к.) живеат во Бирино. Од Селце има многу иселеници во Прилеп - околу 30 фамилии. Иселениците се гранки на денешните родови, најмногу од родот Есенковци, Митревци, и Пашовци.
Околу 15 мажи од ова село за секогаш се иселиле во Северна Америка.
x

TAA - Strumica, Macedonia

Театър Антон Панов на международния театрален фестивал НОВА БЪЛГАРСКА ДРАМА в гр. Шумен, България
x

Atlantis vozen park.wmv

Avtobusi na TA AtlantiS
x

Gipsy kings

cigani prekrasno pejat
x

Shares

x

Check Also

x

Menu